28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриптовалутите се стабилизираа: Вредноста на биткоинот порасна по големиот пад, а порасна...

Криптовалутите се стабилизираа: Вредноста на биткоинот порасна по големиот пад, а порасна и етериумот

Довербата на инвеститорите се врати.

Најпопуларните крипто-валути во светот повторно се стабилни, откако пазарот на крипто-валути помина низ турбулентна недела на „корекција“ на цените.

Биткоин, најпознатата криптовалута во светот, утрово се тргува по цена од 37.177 долари, што е раст од околу 0,79 проценти, покажуваат податоците на страницата Коиндеск. Пазарната капитализација исто така се опорави и моментално изнесува околу 697,16 милијарди долари.

Втората најпопуларна криптовалута во светот, Етериум порасна нешто повеќе од 1 процент во последните 24 часа и се тргува по цена од 2.677 долари.

Остатокот од пазарот е претежно зелен од утрово, што укажува дека состојбата се стабилизира, што значи дека се врати довербата на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП