23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонечно „Rimac“ го покажа својот сериски хиперавтомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Конечно „Rimac“ го покажа својот сериски хиперавтомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Хрватската компаниja „Rimac Automobili“ го представи долгоочекуваниот сериски електрически хиперавтомобил. Возилото познато до сега како „C_Two“, го доби името „Nevera“, по неочекуваната и силна медитеранска бура што „брза“ преку Јадранското море.

Мате Римац, хрватскиот иноватор, претприемач и основач на компанија за електрични хиперавтомобили, досега ја користеше ознаката „C_Two“ за неговиот електричен хиперспортски автомобил, бидејќи беше прототип, а денес автомобилот го доби и своето комерцијално име под кое ќе се продава ширум светот.

Римац првпат го покажа „C_Two“ на јавноста во Женева во 2018-та година. Две години подоцна, хрватскиот производител планираше да претстави производна верзија, но беше попречен од пандемијата што доведе до откажување на саемот во Женева во 2020-та година.

Во последната година, компанијата „Rimac Automobili“ ја заврши светската хомологација на своето возило. Во тој процес, тие „поделија“ неколку копии на „C_Two“ за да ја проверат неговата безбедност и да ги добијат сите потребни дозволи за автомобилот да може да се регистрира и безбедно да се вози низ целиот свет.

„Rimac Nevera“ ќе чини 2 милиони евра, а се планира серија од само 150 возила. Автомобилот има дури 1.914 коњски сили и 2.360 Nm, развива максимални 412 километри на час и забрзува до 100 km/h за фантастични 1,85 секунди.

Достигнува 200 km/h за само 4,3 секунди, додека 9,3 секунди и се доволни за да се постигне брзина од 300 km/h!

Единствената батерија во форма на „Х“ во форма на течност и ладење со 6.960 ќелии, со капацитет од 120 kWh, е дизајнирана од тимот на „Rimac“ од нула и поставена во срцето на „Nevera“.

Способна за производство на моќност од 1,4 MW, батеријата од литиум-манган-никел, исто така, претставува составен дел од јадрото на автомобилот, зголемувајќи ја структурната јачина на монококната конструкција од јаглеродни влакна за 37 проценти.

Оптималното складирање на батеријата ниско во средината на подот на автомобилот придонесува за екстремно ниското тежиште на возилото. Ова исто така овозможува одлична дистрибуција на тежина 48/52 (напред/назад).

Римац наведува дека развојот на напредниот систем за ладење на батеријата ја зголемил неговата ефикасност во споредба со првичните прототиповите на „C_Two“, давајќи поголема моќност за подолги временски периоди.

Детали за автономијата на возење не се објавени засега, но според претходните најави, таа треба да биде до 650 километри или доволно за патот од Загреб до Минхен да го помине без запирање.

Мате Римац се потруди навистина да создаде хрватски производ од своето возило. Во автомобилската индустрија, имено, невозможно е една компанија да ги произведува сите делови за возила и затоа има подизведувачи, а кај „Rimac“ тоа е преку хрватски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП