27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПримивме гол во 97. минута, Македонија-Словенија 1:1

Примивме гол во 97. минута, Македонија-Словенија 1:1

Првпат по подолго време со публика на трибините, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот тест пред стартот на Европското првенство, одигрувајќи 1:1 со Словенија во Скопје, откако длабоко во судското продолженија во 97. минута примивме гол за реми.

Шанса да се тестира формата за меч беше добредојдена за тимот на Игор Ангеловски, посебно против незгоден противник каков што се Словенците, со фудбалери од рангот на Јосип Иличиќ и Јан Облак.

По првото полувреме, во кои иницијативата ја имаа гостите, и со малку шанси на двете страни, дојде најубавиот момент на мечот во 55. минута, кога Џани Алиоски фантастично му асистираше на Елиф Елмас, а фудбалерот на Наполи постигна прекрасен гол, земајќи му „мерка“ на Облак, за трет гол во три меча со Словенија. По ова, иницијативата беше на наша страна, и веднаш имавме нова шанса преку Аријан Адеми. Кога сите го чекаа крајот на на натпреварот, судијата реши да има 5 минути продолжение, во кои Домен Чрнигој постигна убав гол за 1:1.

По ова следува и тестот против Казахстан пред дебито на првото големо натпреварување за „рисовите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП