20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија донира 43.200 евра, се пријавија два милиони германци

Германија донира 43.200 евра, се пријавија два милиони германци

Од 1 јуни 2021 година, па се до следните три години, група избрани германци ќе добијат безусловен основен приход од 1.200 евра.

Повеќе од два милиони луѓе се пријавија, а на крајот беа избрани 122 лица

Од 1 јуни 2021 година, па се до следните три години, тие ќе добиваат основен месечен приход, односно минималец од 1.200 евра. Тоа е дел од пилот проектот чија цел е истражување на ефектите од безусловниот основен приход, пишува Дојче Веле.

Учесниците не мораа да докажат дека имаат потреба од пари, а за време на проектот им беше дозволено да прават што и колку сакаат. Тие немаат никакви обврски кон финансиерите на проектот, освен што „треба да пополнат седум прашалници на интернет во рок од три години од студијата“, се вели на веб-страницата на проектот.

Дополнителни 1.380 случајно избрани лица исто така ги пополнуваат прашалниците на секои шест месеци, но тие не добиваат основен приход, туку само компензација за времето поминато во пополнувањето на овие формулари.

Парите за проектот ги обезбедија околу 150.000 приватни донатори, а оние што ќе ги добијат во следните три години нема да мора да пријавуваат данок. Тоа се донирани пари во износ од 43.200 евра по учесник, вкупно околу 5,2 милиони евра. Проектот го започна едно непрофитно здружение во Берлин.

Сон кој нема никаква врска со реалноста?

Иницијаторите на „Мојот основен приход“, како што се нарекува здружението, се убедени дека безусловната исплата на пари на сите граѓани ќе реши многу проблеми на денешното општество. Тие веруваат дека луѓето стануваат послободни, покреативни и посреќни ако се ослободат од притисокот дека треба да заработат доволно пари за да преживеат.

Може ли реалноста да ја издржи таа утопија? И, тоа ќе биде научно истражено во рамките на проектот.

„Ќе тестираме што прават луѓето кога ќе бидат финансиски безбедни три години“, вели водачот на студијата Јирген Шуп, од германскиот институт за економски истражувања.

„Дали ќе ги потрошат тие пари или ќе создадат финансиски резерви? Дали ќе престанат да работат или ќе работат помалку? Дали ќе станат социјално ангажирани, дали ќе донираат повеќе? Сето ова може да се утврди во овој обемен експеримент“, очекува Шуп.

Дури, вели тој, промените во нивото на стрес може да се испитаат со примероци на коса кај испитаниците, бидејќи се очекува да бидат под помал притисок благодарение на донираната (минимална) плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП