19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродавницата за користена облека на „H&M“ се шири во Европа

Продавницата за користена облека на „H&M“ се шири во Европа

Шведската продавница за користена облека „Sellpy“, чија мнозинска сопственост е на „H&M“, објави дека влегува во уште 20 други европски земји. Таа се надева дека побарувачката за одржлива мода ќе и помогне да продолжи да расте.

Стартапот се занимава со целиот процес на продажба – од преземање на стоката од домовите на трговците до сликање, продажба и испорака. Благодарение на експанзијата, пазарите на кои работи „Sellpy“ ќе достигнат 24. Компанијата прв пат започна со работа во Шведска во 2014-та година.

„Sellpy“ тврди дека половната стока е еден од најбрзо растечките сегменти на пазарот во модната индустрија.

„Секоја половна облека што ја купувам заштедува ресурси на планетата. Побарувачката за нашите нови пазари рапидно расте“, рече Густав Весман, кој е предводник на експанзијата.

Бидејќи потрошувачите стануваат се повеќе свесни за потеклото и одржливоста на нивната облека, модната индустрија се повеќе се критикува за негување навика за фрлање облека.

„H&M“, која бара нови извори на приход по неколку тешки години забавување на приходите од продажба во многу од своите продавници, го стекна својот прв удел во „Sellpy“ во 2015-та година.

„H&M“ инвестираше повеќе од 20 милиони евра во „Sellpy“ и веќе поседува околу 70% од компанијата, рече Весман.

„Sellpy“ објави дека започна да работи со „H&M“, што му овозможува пристап до магацините на гигантот во Полска, како и дополнителни услуги во области како што се дистрибуција, контрола на квалитетот на облеката и обработка на нарачката.

„Sellpy“ тврди дека преку нејзината платформа досега се продадени повеќе од 9 милиони парчиња облека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП