28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Kia“ ги менува приоритетите

„Kia“ ги менува приоритетите

Корејскиот производител „Kia“ го одложи својот проект за создавање голем џип со рамна конструкција за подобри времиња. Компанијата објави дека ќе се фокусира на други сегменти на пазарот каде има голема продажба, додека дебито на конкурентот на „Toyota Land Cruiser“ е одложено на неодредено време.

Во интервју за „CarsGuide“, еден од највисоките директори на „Kia“, Роланд Риверо, рече дека компанијата ги менува своите приоритети бидејќи сака да оствари поголема продажба. Ова значи дека во втор план остануваат развојот на голем џип и пикап.

Во моментов во опсегот на „Kia“ има „SUV“ со рамна конструкција – „Mohave“, кој неодамна беше ажуриран. Во последните месеци се појавија гласини дека компанијата подготвува конкурент на „Toyota Land Cruiser“, кој треба да биде готов следната година. Веднаш по него требаше да се појави пикап на истата платформа и да се натпреварува со „Toyota Hilux“.

Сепак, пазарџиите на „Kia“ се убедени дека ваквите модели, особено пикапот, ќе бидат успешни на некои големи пазари. Меѓу нив се САД и Австралија, каде ваквите автомобили се многу барани. Засега, сепак, двата проекти се „замрзнати“, а средствата се пренасочени кон глобални проекти.

Главните се развој на електрични возила, што е од огромно значење за „Hyundai Group“, чиј дел е и „Kia“. Концернот планира да ги преполови моделите со мотори со внатрешно согорување, а заштедените пари ќе бидат наменети за електрификација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП