28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсигурувањето најдобро и најевтино решение за заштита на посевите

Осигурувањето најдобро и најевтино решение за заштита на посевите

posevi

И покрај државната поддршка за заштита на земјоделските површини од временските непогоди што се обезбедува веќе пет години, се уште е многумал процентот на нејзино искористување. Од речиси 105.000 земјоделски стопанства само 1.300 ја искористиле субвенцијата која покрива 60 проценти од трошоците за полиси.

Според податоците од терен, градинарите, лозарите и овоштарите засега се најзаинтересирани за осигурување на родот.

„Ниското вреднување на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и малиот број прифатливи штети во листата на осигурување се најчестите причини поради кои земјоделците не се одлучуваат на ваков чекор и не ја користат владината поддршка“, сметаат експертите.

Сушата и поплавите, велат, се пример дека најдоброто и најевтино решение за заштита на посевите е осигурувањето.

Годинава за оваа намена се обезбедени 35 милиони денари што е двојно повеќе од лани кога на располагање беа 17 милиони. Право на користење на субвенциите имаат фармерите со максимални површини до 10 хектари за лозови и овошни насади, до два хектара за градинарски култури и за тутун, до 20 хектари за житни култури и до 100 пчелни семејства.

Во март 2013-та Платежната агенција потпиша Меморандум за соработка со Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва согласно кој брокерските друштва практично ќе бидат посредници меѓу земјоделците и осигурителните компании, а ваквата улога, на медијатори, ќе ја вршат бесплатно. Притоа, нема да им сугерираат на производителите од која осигурителна компанија да купат полиси, напротив, ќе им укажуваат која нуди најдобри услуги.

Засега само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделски полиси, а од вкупно регистрираните 100.000 земјоделци полиси купуваат само 1.500. Најголем е бројот во Кавадарци, 340, Ресен, 250, и Неготино, повеќе од 200.

Доколку се посевите осигурани, компанијата, во случај на елементарна непогода, е должна да го исплати земјоделецот најдоцна 15 дена по проценката на настанатите штети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП