20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„ОЕЦД“ ги зголеми прогнозите за глобален раст заради вакцинациите и стимулациите на...

„ОЕЦД“ ги зголеми прогнозите за глобален раст заради вакцинациите и стимулациите на САД

Светската економија се очекува да порасне за 5,8 проценти во оваа година и 4,4 во следната година, соопшти во понеделникот Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во надеж дека ќе расте вакцинацијата и американските стимулации.

„ОЕЦД“ верува дека глобалните економски перспективи се подобруваат со растот на покриеноста со вакцинацијата, што им овозможува на компаниите да продолжат да работат, а помага и американскиот пакетот на стимулации од 3 трилиони долари.

Глобалната економија се врати на нивоата на активност пред пандемијата, но сè уште не го постигна растот што се очекуваше пред светската здравствена криза, објави „ОЕЦД“.

Иако кампањите за вакцинација им овозможија на напредните економии постепено да се отвораат, многу пазари во развој беа попречени од бавната вакцинација и новите бранови на пандемијата, соопшти „ОЕЦД“.

Оваа организација смета дека централните банки во напредните економии треба да одржуваат опуштени финансиски услови и да толерираат зголемена инфлација.

Владите, според „ОЕЦД“, исто така треба да продолжат да ги поддржуваат домаќинствата и бизнисите сè додека вакцинацијата не биде раширена доволно за да ги заштити најранливите сектори.

Водена од план вреден стотици милијарди долари, економијата на САД годинава порасна за 6,9 проценти, соопшти „ОЕЦД“, во споредба со претходните предвидувања од 6,5 проценти. Се очекува таа да се зголеми за 3,6 проценти до 2022-ра година, во споредба со прогнозата за четири проценти во март.

Планот за стимулации на САД придонесе три до четири процентни поени за растот на американската економија и за еден процент за глобалната економија. Ова ќе ја врати економијата на САД на нивоата пред пандемијата до средината на оваа година, очекува „ОЕЦД“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП