25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСимптомите се различни и тешко се дефинираат: Овие се знаци на долг...

Симптомите се различни и тешко се дефинираат: Овие се знаци на долг ковид

Студиите покажале дека секоја десетта личност која заболела од ковид развива симптоми на долга манифестација на болеста, но формалните дијагностички упатства за потврда на долг ковид не се уште подготвени.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и некои други здравствени установи работат на тоа, но додека не се изготват упатствата, секој што е загрижен за своето здравје е осуден на тоа, сам да се распрашува за своите симптоми и да разговара за нив со својот лекар.

Имено, симптомите се различни и слични на другите болести, па затоа не е лесно за лекарите прецизно да ги дефинираат.

Епидемиолозите заклучија од претходното искуство дека ковидот може да влијае на скоро кој било орган во телото, но тие не знаат дали симптомите на долг ковид се предизвикани директно од вирусот или се резултат на стрес и траума што ги носи инфекцијата.

Еве десетина познати начини на кои пациентите можат да бидат погодени од долг ковид:

Магла во главата – секој петти пациент доживеал „магла во главата“ шест месеци откако се опоравил од ковидот, без оглед дали биле хоспитализирани или не. Ова го покажа мета-анализата на 51 студија за ковид. Маглата во главата се манифестира различно на индивидуите како збир на симптоми. Најчесто, тоа е комбинација на проблеми со краткотрајна меморија, концентрација или потешкотии при наоѓање зборови за време на разговор.

Замор – Шеесет проценти од хоспитализираните пациенти доживуваат замор во мускулите и слабост и шест месеци по ковидот, открива обемна кинеска студија. И гореспоменатата магла во главата и заморот се одлики на синдромот на хроничен замор.

Проблеми со спиењето – еден од пет пациенти има проблеми со спиењето шест месеци по болеста, покажа и мета-анализа на 51 студија.

Отежнато дишење и постојана кашлица – ова се вообичаени симптоми кои се јавуваат од еден месец до половина година по прележан ковид, покажа студија спроведена на 73 илјади американски воени ветерани.

Срцеви проблеми – лупање на срцето и аритмии се исто така чести симптоми шест месеци по ковидот, покажа истата студија. Таквите пациенти, исто така, имаат зголемен ризик од развој на срцеви заболувања, миокардитис, атеросклероза и згрутчување на крвта шест месеци по болеста.

Невролошки симптоми – третина од пациентите кои страдаат од долг ковид, страдаат од невролошки симптоми. Овие вклучуваат нарушувања на расположението, како што се анксиозност и депресија.

Губење на мирис – кај околу една третина од оние кои го изгубиле сетилото за мирис, не се вратило два или повеќе месеци, покажало помало американско истражување.

Проблеми со варењето на храната – Според кинеска студија, повеќе од 40 проценти од хоспитализираните пациенти доживеале проблеми со губење на апетит, гадење, рефлукс на желудник и дијареја три месеци по примарната инфекција.

Притисок во градите и болки во зглобовите – ова е најчестиот проблем бидејќи се јавува кај 90 проценти од луѓето кои страдаат од долг ковид, покажа студија објавена во декември. За некои од нив, симптомите траеле до седум месеци.

Дијабетес и заболување на бубрезите – Според студија спроведена на воени ветерани во САД, долгиот ковид носи 39% поголем ризик од развој на дијабетес во текот на шест месеци по инфекцијата. Исто така, постои зголемен ризик од развој на акутно заболување на бубрезите.

Други симптоми – пациенти кои страдаат од долг ковид, пријавиле други симптоми кои научниците сè уште не ги потврдиле во поголемите студии, како што се значително опаѓање на косата, осип на кожата, неправилна и болна менструација или тинитус (чешање во ушите).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП