26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо отворени денови во скопските стручни средни училишта, заврши караванот на кампањата...

Со отворени денови во скопските стручни средни училишта, заврши караванот на кампањата „Учи паметно, работи стручно“

По Свети Николе, Кочани, Велес, Кавадарци, Струмица, Охрид и Тетово, отворени денови се одржаа и во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Скопје

Посети на вкупно 4 од 11 стручни средни училишта од Скопје и отворени денови за промоција на средното стручно образование, го заокружија караванот во рамки на втората фаза од кампањата „Учи паметно, работи стручно“.

Во Скопје, идните средношколци, како и нивните родители, имаа можност одблизу да се запознаат со повеќе струки кои ќе бидат отворени во учебната 2021/2022 г., и тоа Градежно-геодетска во СУГС „Здравко Цветковски“; Шумарско-преработувачка во СУГС „Георги Димитров“; Машинската, но и Сообраќајната во СУГС „Владо Тасевски“ и Хемиско-технолошка во СУГС „Димитар Влахов“.

Покрај овие 4 средни училишта од Скопје каде се одржаа отворени денови, дуални паралелки ќе понудат уште 7 други скопски училишта, и тоа во голем број различни струки, како Машинската која покрај во СУГС „Владо Тасевски“ ќе биде отворена и во СУГС „8 Септември“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“; потоа Електротехничката во СЕТУГС „Михајло Пупин“; Гелошко-рударска и металуршка во СУГС „8 Септември“; Економско, правно, трговска во СУГС „Кочо Рацин“, СЕПУГС „Арсени Јовков“ и СУГС „Шаип Јусуф“; Здравство и социјална заштита во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и Текстилно-кожарската во СУГС „Кочо Рацин“.

Меѓутоа, она што е уште поважно е дека овие близу 500 ученици од Скопје за кои ќе биде отворено место во уписите за средно ќе имаат можност во рамки на своето стручно образование да исполнуваат пракса во голем број реномирани компании кои ги отворија своите врати за дуалните паралелки, меѓу кои се и „Раде Кончар“, „Макстил“, „МЖ Инфраструктура“, „ЕЛЕМ“, „ЕВН“, „Ван Хоол“, „Алкалоид“, „Окитекс“, „Гранит“, маркетите „КАМ“, „Тинекс“, „Жито“, но и многу други.

Во Куманово, пак, промоција на стручните профили се одржа во СОУ „Перо Наков“ и ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ кои ќе отворат по 4 дуални паралелки за Економско, правна и трговската, Текстилно-кожарската, Машинската, Земјоделско-ветеринарната, Хемиско-технолошката и струката за Лични услуги, а пак во овие училишта ќе се запишат дури 200 ученици кои имаат интерес и афинитети за овие струки.

Во Куманово, пак, промоција на стручните профили се одржа во СОУ „Перо Наков“ и ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ кои ќе отворат по 4 дуални паралелки за Економско, правна и трговската, Текстилно-кожарската, Машинската, Земјоделско-ветеринарната, Хемиско-технолошката и струката за Лични услуги, а пак во овие училишта ќе се запишат дури 200 ученици кои имаат интерес и афинитети за овие струки.

Пред овие настани, отворени денови се одржаа и во 12 училишта од Свети Николе, Кочани, Велес, Каварадци, Струмица, Охрид и Тетово, а нивната цел е на идните средношколци да им отвори можност одблиску да ги запознаат струките кои ќе бидат достапни во нивниот град, но и локалните компании кои ќе нудат пракса во дуалните паралелки, а се подготвени практикантите потоа и веднаш да ги задржат на работа по завршување на средното образование.

Всушност, генералната цел на проектот „Учи паметно, работи стручно“ е токму тоа: да ги информира младите за придобивките од стручното образование, да ги разбие стереотипите дека тоа за некого е можеби образование од втор степен и да едуцира дека преку овој концепт на дуално образование, средношколците се стекнуваат со можност за брзо и лесно вработување, и тоа според реалните потреби на локалните бизнис заедници.

Уписите започнуваат во јуни, а учениците запишани во прва година во дуалните паралелки имаат можност и за добивање стипендија во износ од 3.500 ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП