8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропјаните бараат повлекување на овие кованици: Едногласно велат дека не им требаат

Европјаните бараат повлекување на овие кованици: Едногласно велат дека не им требаат

Од Европската комисија ги пофалија резултатите од најновото истражување на Евробарометар, според кое јавната поддршка за еврото достигна највисоко ниво.

Дури 80 проценти од испитаниците, вкупно 17.700 од 19 земји-членки на еврозоната, според истражувањето спроведено на крајот на март, сметаат дека еврото е добро за Европската унија, а 70 проценти сметаат дека е добро за нивната земја, пишува Пословни Дневник.хр.

Во исто време, сè поголем број граѓани ги поддржуваат правилата за заокружување и укинување на монетите од еден и два центи, за кои претходно беше спроведена посебна јавна консултација.

Истражувањето на „Евробарометар“ покажува дека 67 проценти или две третини од јавноста се залага за укинување на монетите од еден и два центи, со задолжително заокружување на крајниот износ за купување при плаќање во готово. За тоа постои мнозинска поддршка во сите 19 земји, се посочува во соопштението.

Според отворената јавна консултација за правилата на заокружување, 72 проценти од испитаниците сметаат дека монетите од еден и два центи не се корисни, а скоро ист процент сметаат дека правилата за заокружување треба да се воведат во најблиските пет центи.

Истото важи и за прашањето дали правилата за заокружување треба да бидат задолжителни и усогласени во еврозоната.

Патем, еврото денес се користи како валута од околу 342 милиони граѓани на ЕУ, а во пет земји од еврозоната (Финска, Холандија, Ирска, Италија и Белгија) со околу 100 милиони жители, правилата за заокружување на крајниот износ на набавка за плаќања во готовина се веќе применети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП