28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија

„Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија

Германската компанија „Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија, најави премиерот, Зоран Заев.

Тој кажа дека ќе биде отворен маркет во Скопје и во уште седум града, но засега не се знае во кои.

„Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра. Се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје.

Важно е што обврска на инвеститорот е откуп и продажба на домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на ‘Лидл’ во југоисточна Европа“, рече Заев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП