28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАОткриен хибрид од индискиот и британскиот сој: Многу брзо се шири и...

Откриен хибрид од индискиот и британскиот сој: Многу брзо се шири и размножува

Здравствените власти на Виетнам открија нова варијанта на коронавирусот, која е мешавина од индиски и британски соеви и многу брзо се шири низ воздухот, изјави виетнамскиот министер за здравство Нгујен Танг Лонг.

Виетнам минатата година успешно го потисна ширењето на коронавирусот, но сега се соочува со епидемија што се шири многу побрзо.

Од крајот на април, скоро 3.600 лица се заразени во 31 од 63 градови и провинции, што е повеќе од половина од вкупниот број на пациенти во Виетнам.

-Откако ги изолиравме гените кај последните пациенти, откривме нов вид кој е мешавина од индиски и британски – рече Лонг, истакнувајќи дека станува збор за индиски вид со мутации што првично припаѓале на британската варијанта на вирусот корона

Тој додаде дека резултатите од лабораториските тестови покажуваат дека новиот вид, кој е побрз и полесен за пренесување, сега се размножува многу брзо, што објаснува толку голем број случаи на различни локации за многу краток временски период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП