11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ предвидува масовни банкроти и висока невработеност во Грција поради Ковид-19

ЕЦБ предвидува масовни банкроти и висока невработеност во Грција поради Ковид-19

Масовни банкроти и голема невработеност како резултат на загубите од пандемијата со коронавирусот – ова се прогнозите за грчката економија во анализата на Европската централна банка (ЕЦБ).

Според анализата на ЕЦБ, 20% од компаниите се изложени на ризик од банкрот во Грција. Проблематични сектори за деловните активности се: туризмот, услугите, трговијата и транспортот, како и сите други индустрии поврзани со овие сектори.

Според анализите на грчките економски експерти, досега само исплатата на државната помош за бизнисите ги спаси компаниите од целосна катастрофа.

Претседателот на Грчката трговска комора, Јоргос Каватас, предвидува, врз основа на реалната состојба на бизнисoт во Грција, дека 40% од компаниите или повеќе од 200.000 ќе банкротираат како резултат на штетата од пандемијата.

И покрај оптимистичките сигнали за туристичката сезона, многу хотели сѐ уште не се отворени ова лето поради недостаток на резервации.

Затоа, Сојузот на хотелиери во Грција напиша писмо до владата да ги намали даноците за да избегнат банкрот.

Проценките за закрепнување на гранките на индустријата и земјоделството во грчката економија се позитивни, според информациите од Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП