26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвршниот директор на Binance: Никој не може да го убие биткоинот

Извршниот директор на Binance: Никој не може да го убие биткоинот

Невозможно е било кој поединечен субјект да го убие биткоинот и блокчејн технологијата на која се заснова, па затоа владите и регулаторите треба да прифатат блокчејн технологија и криптовалути, изјави Чангпенг Жао, извршен директор на Binance.

„Не мислам дека некој може да го изгаси сега, со оглед на тоа што оваа технологија, овој концепт е во умовите на 500 милиони луѓе“, рече Жао во претходно снименото интервју прикажано за време на виртуелната конференција CoinDesk Consensus 2021.

Борбата со биткоинот и другите крипто-валути сега би била слична на одбивањето да се прифати моделот на бизнис на интернет гигантот за е-трговија Амазон кога првпат започна во раните 90-ти, според Жао. Крипто-валутите не се тука за да ги убијат традиционалните финансии или фиат-валутите поддржани од владите, туку за да обезбедат поголема „слобода на парите“.

Криптовалутата е „само нова алатка која може да ја зголеми слободата на парите низ целиот свет“, му рече Жао на советникот за CoinDesk, Нолан Бауерле.

„Не мислам дека се натпреварува со регулаторите … и постои начин да работиме заедно“.

Самиот Binance беше под силен регулаторен притисок во последните неколку недели.

Жао рече дека неговата компанија нема намера да се бори против која било влада или земја, додавајќи дека сомнежите за начинот на работа на Binance произлегуваат од фактот на недостаток на регулаторна јасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП