2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемени приходите на Prada

Зголемени приходите на Prada

prada

Италијанската модна куќа „Prada“ објави дека во првата половина од оваа година ги зголемила приходите од продажбата за 11,6 проценти, благодарение пред се на одличните резултати во Азиско-Пацифичкиот регион, особено во Кина.

Како што пренесува Ројтерс, производителот на луксузна облека во соопштението наведува дека во споменатиот регион ја зголемил продажбата за 17 проценти, главно поради зголемувањето на продажбата во Кина, вклучувајќи ги и Хонг Конг и Тајван, додека неговата конкуренција, германскиот „Hugo Boss“ и француската групација „Kering“, забележаа пад на продажбата во Кина.

Во соопштението се прецизира дека приходите во наведениот период изнесувале 1,73 милијарди евра, што е нешто помалку од очекувањата на аналитичарите кои во просек предвидуваа износ од 1,75 милијарди евра.

Истиот извор наведува дека и групацијата отвори пет нови бутици во светот од почетокот на јули, во согласност со својата стратегија за меѓународен раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП