20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекторот за туризам во ЕУ бара примена на сертификатот веќе во јуни

Секторот за туризам во ЕУ бара примена на сертификатот веќе во јуни

Алијансата на европскиот манифест за туризам очекува дека сертификатите ќе бидат применети пред 1 јули, кога тие официјално треба да стапат во сила низ цела ЕУ.

Секторот за туризам во ЕУ вели дека примената на сертификатот е неопходна уште во јуни за да се обезбеди повторно слобода на движење низ ЕУ, што е од витално значење за претстојната летна сезона и закрепнување на туристичкиот сектор.

Договорени се дигитални сертификати за Ковид-19 меѓу Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Сертификатот, кој ќе го издадат националните власти во дигитален или хартиен формат, ќе наведе дали некој е вакциниран, има неодамна негативен „PCR“ тест или е привремено имун по опоравување од инфекција.

Европската комисија ги повика земјите-членки да подготват логистика за издавање и признавање на издадени сертификати низ цела ЕУ што е можно поскоро.

Кога станува збор за издадени сертификати од трети земји, Брисел наведува дека ќе се водат индивидуални разговори за меѓусебно „признавање“ на сертификатите и дека во меѓувреме, на земјите-членки им е сугерирано да прифаќаат докази за вакцинација на државјани на трети земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП