19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрѓаните на кои лани им пропаднаа летните одмори, сега започнаа со пакување...

Грѓаните на кои лани им пропаднаа летните одмори, сега започнаа со пакување на куферите

Граѓаните кои не ги искористија своите платени аранжмани за летен одмор во 2020-та година тоа може да го сторат во периодот што следи. Туристичките работници од земјава за Денар велат дека во мементов постои сериозен интерес на граѓаните за патување. Најголем дел од ваучерите кои ги добија граѓаните за неискористениот одмор се за во Грција. Податоците пак од Министерството за економија велат дека станува збор за околу 12 илјади ваучери кои треба да се искористат до крајот на годинава. Во меѓувреме на располагање на граѓаните ќе биде и проектот за поддршка на домашниот туризам “Сигурно како дома”. Инаку, туризмот е еден од најпогодените сектори од оваа здравствено-економска криза.

Намалувањето на бројот на заразени од Ковид -19 и отворањето на границите со Грција се доволни причини најголемиот дел од граѓаните повторно  да размислуваат каде ќе летуваат годинава. Во туристичките агенции со засилено темпо се работи на договорите за искористиување на ваучерите кои граѓаните ги добија минатата бидејќи не ги искористија аранжманите за летување. Од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори за Денар велат дека најголем дел на ваучерите се за Грција, и откако границата е отворена од 15 мај постои голем интерес за користење на ваучерите. Клиентите се јавуваат и си ги обновуваат резервациите за летување, повеќето се после 10 јули за да може до тогаш да се вакцинираат. Информациите од терен велат дека, околу 30% веќе ги имаат обновено договорите за нови патувања за оваа сезона. Во меѓувреме расте понудата на дестинации за летување меѓу кои во најголем дел има понуди за во Грција, Турција, Албанија, Црна Гора, Египет и за во домашните капацитети во Македонија.

„Парите не се враќаат, мора да ги искористат ваучерите за патување во организација на тур операторот од кој е издаден ваучерот заклучно со 31.12.2021. Доколку неможат да патуваат, може да го променат името, односно да го подарат, односно отстапат нивниот ваучер на нивни блиски луѓе. Интересот е најголем од тие клиенти што имаат неискористени ваучери и најмногу за Грција. Но, надвор од ваучерите има интерес и си резервираат луѓе за Албанија и Црна Гора бидејќи е без ПСР тест, но исто така барана е Турција за каде веќе се започнати чартерите, Грција секако, а очекуваме и поголем интерес за Грција во текот на сезоната. И Египет исто така е барана дестинација, сега откако веќе не е потребен карантин и откако ќе се вратат наши граѓани од таму“, вели членот на управниот одбор на Туристичко угостителската комора Ана Марија.

Од Министерството за економија под кое е секторот Туризам велат дека согласно евиденцијата на ваучери кои што им ги издадоа туристичките агненции на граѓаните доставени до Министерството за економија издадени се близу 12.000 ваучери кои се во вредност од 3 милини евра.

„Според уредбата која што беше донесена минатата година, рокот истите да се искористат е крај на 2021 година. Министерството за економија го има во предвид и моментот на отварање на туристичката сезона во Грција и ќе се разгледуваат сите опции и предлози во координација со стопанските комори и здруженијата за туризам и угостителство во земјата“, велат за Денар од ресорното министерство.

Што се однесува до државната агенција за промоција на туризмот велат дека од април веќе започнале со кампања за стратешките пазари за оваа летна сезона кои и се значајни на земјава. Кампањата за привлекување на странските, но и на домашните гости за во македонските туристички локалитети гласи „Сигурно како дома“. Директорот Љупчо Јаневски за Денар вели дека изработиле дополнителни видеа годинава за промоција на Македонија, и гарантира дека протоколи се воспоставени исто како и во сите европски метрополи каде туристите се секојдневие.

„Луѓето кои ќе бидат сместени во Охрид, во Скопје, во Барселона или останати дестинации ќе ги имаат истите безбедносни мерки, со што со самиот безбедносен систем докажуваме дека сме дестинација за лето 2021 година. Ние очекуваме и се фокусираме на рестартирање на македонскиот туристички сектор, со што очекуваме најголемиот број на туристи од странство да бидат од земјите од регионот и од традиционалните наши пазари, секако доколку дозволи ситуацијата со пандемијата“, вели Љупчо Јаневски, Директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Лани туристичките агенции беа изземени од проектот за поддршка на домашниот туризам преку проектот „Дома си е дома“ и бурно реагираа дека на тој начин дополнително ќе се влоши ликвидноста на целокупниот сектор. Сега информациите се дека агенциите се вклучени, но немаат уникатно право целата отрганизација да оди преку нив, односно како што тие првично бараа, организатор на летувањето да биде агенција со А лиценца, а агенција со Б лиценца да биде продавач на аранжманот. Лани околу 40 отсто од ваучерите за домашен туризам останаа неискористени, а сега туристичките работници сметаат дека тој процент дополнително ќе порасне. Во меѓувреме на 31 мај истекува јавниот оглас за пријавување на хотели и останати лиценцирани сместувачки капацитети кои ќе примаат гости со ваучери за домашен туризам. Станува збор за одмор за домаќинства на кои приходите не им надминуваат 30 илјади денари. 

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП