24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканците - новата цел на Danone

Американците – новата цел на Danone

danone1

Францускиот „Danone“ објави дека се стекнал со 100-процентна сопственост на американската компанија „YoCrunch“, специјалист за овошен јогурт и други видови на сладок јогурт.

Како што пренесува францускиот весник „Capital“, „Danone“ минатата година остварил приходи од 110 милиони долари и забележал двоцифрен раст.

„Danone“ со ова купување ќе се обиде да ја зајакне својата позиција на пазарот за јогурт од другата страна на Атлантикот, а договорената сума за трансакцијата сеуште не е позната.

Истиот извор потсетува дека и во јули оваа година францускиот прехранбен гигант склучи договор со „Starbucks“, меѓународниот ланец на кафулиња, со цел создавање заедничка ексклузивна марка на јогурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП