2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВоди компанија вредна 7 милијарди, но никој не го знае!

Води компанија вредна 7 милијарди, но никој не го знае!

shadow

Иако Коста Карцотис е извршен директор на „Fossil Group“, јавна компанија со пазарна капитализација во износ од 7 милијарди долари, речиси никој не знае како изгледа тоj!

Карцотис одбива да споделите било какви свои фотографии и не им дозволува на вработените да објавуваат или споделат фотографија од компанијата.

Тој нема профил на „Twitter“, не се појавил во видео на „YouTube“, а ако профилот на „LinkedIn“ му е вистински, на него нема слика. ПР тимот на компанијата дури и одби да испрати слика на Карцотис кога од „Bloomberg“ испратиле статија за него.

Покрај тоа што не сака да се слика, тој не е алчен. Додека многу шефови на големи компании прифаќаат да работат за плата од 1 долар, Карцотис не добивал плата од 2008-та година.

Неговата компанија која произведува модни часовници и накит, не плаќа дивиденда. Состојбата на Карцотис практично да зависи од тоа колку добро се претставуваат акциите на компанијата.

Сето тоа би предизвикало човек да побара да ја стисне раката на Карцотис кога ќе го види. За жал, него веројатно не можете да го препознаете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП