А1 Македонија со големо задоволство ги претставува новите роаминг пакети со атрактивни цени и вклучен висок волумен на мобилен интернет преку кои корисниците ќе можат да останат константно поврзани, но и да ги споделат своите уникатни доживувања од ова лето. Од денеска, за сите Припејд и Постпејд кориснци на мобилната телефонија достапни се новите роаминг пакети A1 Roam Surf Greece и A1 Roam Surf EURO.
Со цел задоволување на корисничките потреби постојано да бидат онлајн, А1 го креира A1 Roam Surf Greece , пакет со кој корисниците можат слободно да сурфаат кога се во Грција, а притоа да не се грижат за трошоците за интернет во роаминг. Со A1 Roam Surf Greece корисниците добиваат вклучени 10GB за 999 денари во Грција. Пакетот може да се активира преку апликацијата Мојот А1 или со едноставно испраќање СМС порака со клучен збор START GR на 140999.

