28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК планира пониски казни за „BMW“ и „Volkswagen“ од предвидените

ЕК планира пониски казни за „BMW“ и „Volkswagen“ од предвидените

Германските производители на автомобили „BMW AG“ и „Volkswagen AG“ би можеле да бидат казнети со помалку од првично предвидените глоби во врска со тајниот договор меѓу производителите за блокирање на воведувањето на технологија за намалување на емисиите од нивните автомобили, објави „Automotive News Europe“, повикувајќи се на извор запознаен со темата.

Ова е случај кој не е поврзан со скандалот со манипулацијата со податоците за издувните гасови од дизел автомобилите, кои станаа познати како „Дизелгејт“, што го чинеа „Volkswagen“ повеќе од 31 милијарда евра.

Европската комисија (ЕК), која ги обвини „ВMW“, „Daimler“ и „Volkswagen“, дека имале договор за картел помеѓу 2006-та и 2014-та година за да се спречи конкуренцијата во технологиите за намалување на емисиите, веројатно ќе изрече казни за загриженост за концерните пред летната пауза.

Според ЕК, задкулисните договори ги вклучуваат брендовите „BWM“, „Daimler“, „Volkswagen“, „Audi“ и „Porsche“.

Истрагата се фокусира само на системите за селективно каталитичко намалување кои ги намалуваат азотните оксиди во издувните гасови на дизел автомобилите со инјектирање на течен реагенс „AdBlue“ (воден раствор од 32,5% карбамид и 67,5% деминерализирана вода) во протокот на издувни гасови.

Во 2019-та година, ЕК соопшти дека германските производители на автомобили се согласиле да ја ограничат големината на резервоарите со „AdBlue“ помеѓу 2006-та и 2014-та година. Регулаторите ги отфрлија тврдењата дека групата ја одложила инсталацијата на нови, поефикасни филтри за честички од издувните гасови во бензинските автомобили помеѓу 2009-та и 2014-та година.

Комисијата изјави дека истрагата е во тек и одби да коментира понатаму.

Во 2019-та година германската влада изрече казна од 100 милиони евра на „ВMW“, „Daimler“ и „Volkswagen“ за незаконски дејствија при набавката на челик во периодот 2004-2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП