28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Мигрантите во ЕУ се почесто работат со привремени договори

Евростат: Мигрантите во ЕУ се почесто работат со привремени договори

Нешто повеќе од една петтина од вработените во Европската унија (ЕУ) кои се родени во земја надвор од блокот, работеа на привремен договор во 2020-та година, според Евростат.

За споредба, привремените вработени родени во друга земја-членка на ЕУ се 13,8%, а оние родени во сопствената земја се 11,8%.

Во земјите на ЕУ за кои се достапни податоци, најголем дел од вработените родени надвор од ЕУ вработени со привремени договори се регистрирани во Полска (40,6%), потоа следат Кипар (35,8%), Шпанија (35, 1%) Португалија (26,8 %) и Шведска (25,2%).

Најмало учество има во Естонија (2,1%), следена од Австрија (6,9%), Унгарија (7,2%) и Ирска (7,5%).

За лица родени во друга земја на ЕУ, учеството на привремен персонал во вкупниот број на вработени е најголемо во Шпанија (27%), потоа следат Холандија (19,3%) и Италија (18,3%), а најниско е во Унгарија (4,2 %), Ирска (6,6%), Луксембург (6,8%), Австрија (7,2%), Кипар (7,3%) и Словенија (8,4%).

Уделот на привремени вработени во вкупниот број на локални вработени е најголем во Шпанија (21,8%), Полска (17,9%) и Португалија (16,6%), а најнизок во Литванија (1,1%), Романија (1,2%), Естонија (2,6%), Летонија (2,7%) и Бугарија (3,5%).

Жените се со поголема веројатност да бидат вработени на привремени договори, покажуваат податоците. Во 2020-та година, учеството на привремени вработени во вкупниот број на вработени во ЕУ е поголемо кај жените отколку кај мажите, за сите три подгрупи – родени во земја надвор од блокот, родени во друга земја-членка и локални жители.

Најголемиот родов јаз е меѓу локалното население – уделот на жени кои работат под привремени договори е за 1,9 процентни поени поголем од оној на мажите. Родовиот јаз е помал за вработените родени во друга земја-членка на ЕУ – 0,5 процентни поени.

Генерално, 20,6% од жените родени во земја што не е членка на ЕУ работат на привремен договор во блокот, во споредба со 20,1% од мажите. Вкупно 14% од жените родени во друга земја-членка работат на привремен договор, во споредба со 13,5% од мажите. За локалното население, учеството е 12,8% и 10,9%, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП