28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAirbnb веруваат дека еден тренд активиран од пандемијата може да го промени...

Airbnb веруваат дека еден тренд активиран од пандемијата може да го промени туризмот и начинот на патување засекогаш

Линијата помеѓу начинот на живеење, патувањето и работата станува сè потенка, а начинот на патување за многумина може да се промени од корен, сметаат од „Airbnb“.

Повеќе од една година се прашувавме кога нашиот живот, начинот на работа и патување ќе се вратат на стариот пат. Со голем број преживеани и вакцинирани, ние сме сè поблизу до колективниот имунитет, а во согласност со тоа, бројот на заразените опаѓа и мерките се олабавуваат. И покрај тоа што животот полека се нормализира, нешто повеќе нема да се врати на стариот начин, што не значи дека е лошо.

На пример, начинот на кој луѓето работат. Докажано е дека многумина можат да работат исто толку ефикасно од своите домови, без потреба од секојдневно патување, но исто така и дека некои состаноци полесно се одржуваат преку Zoom, Teams и други платформи отколку да поминуваат време на патувања и состаноци во живо. Соодветно на тоа, начинот на кој живеат некои луѓе или како ќе продолжат да живеат, но исто така и да патуваат, се менува. Ако работите од дома, тогаш нема потреба местото каде што живеете да го прилагодувате на компанијата каде што работат луѓето.

Се потенки се линиите помеѓу патувањето, работата и живеењето, коментираше за моменталната состојба првиот човек на Airbnb, Брајан Чески. Во согласност со радикалните промени во изминатите 15 месеци, неговата компанија исто така се промени, односно услугите кои ги обезбедуваат нивните корисници, а скоро четвртина од луѓето кои резервираат сместување преку оваа платформа сега остануваат во изнајмениот простор повеќе од 28 дена, додека пред тоа луѓето остануваа многу пократко.

Овие бројки можат да бидат поврзани со трендот на работа од дома, затоа што, ако на сите вработени им е потребен само лаптоп, тие навистина можат да работат од кое било масто и од каде што сакаат, па сè повеќе луѓе бараат сместување надвор од градовите каде што се наоѓаат нивните компании и од таму ги извршуваат деловните активности. Кога ќе им се здосади од местото, изнајмуваат нов простор или се враќаат дома.

Овој тренд на долгорочно сместување, смета Airbnb, треба да продолжи и по пандемијата, а тоа ќе го користат особено дигиталните номади.

Така, претходниот тренд во кој луѓето најчесто одеа на две патувања годишно може да се промени, благодарение на можноста за работа од дома, ќе патуваат почесто и ќе остануваат подолго на нови, егзотични дестинации каде што ќе можат да работат. Се надеваме дека и Македонија ќе стане привремена деловна адреса за некои од овие вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП