ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТОсум лица убиени во вооружен напад во Калифорнија

Осум лица убиени во вооружен напад во Калифорнија

Осум лица загинаа денеска во вооружен напад на железничкото депо во Сан Хозе, во американската држава Калифорнија, соопштија властите, наведувајќи дека осомничениот напаѓач исто така е мртов.

Нападот се случил околу 6,30 часот наутро во депото во Сан Хозе, во чие соседство се наоѓаат полициската администрација на округот и автопатот што води кон аеродромот.

Портпаролот на шерифот во областа Санта Клара, Расел Дејвис, изјави дека осомничениот напаѓач е вработен во компанијата ВТА, која обезбедува превоз со автобус и лесна железница низ тој кварт.

Шерифот на округот Лори Смит изјави дека „не е утврдено“ како е убиен напаѓачот.

Дејвис рече дека не знае дали вооружениот напад се случил внатре или надвор и дека меѓу жртвите има и вработени во ВТА.

Градоначалникот на Сан Хозе, Сем Ликардо изрази жалење на прес-конференцијата поради „ужасниот ден“ за тој град. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам, преку порака на Твитер напиша дека неговата канцеларија е во постојан контакт со локалната полиција и ја следи ситуацијата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП