3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДецата во Германија имаат повеќе од нас?

Децата во Германија имаат повеќе од нас?

German football fan

Децата во Германија на возраст од 6 до 13 години годишно располагаат со вкупно пет милијарди евра.

Репрезентативното истражување „Децата и потрошувачката во 2013 година“, кое го спроведе истражувачката куќа „Egmont Ehapа“, покажа дека децата на оваа возраст на годишно ниво, преку џепарлакот кој го добиваат од родителите или како награда за извршени ситни работи во семејството или кај пријателите, заработуваат 1,87 милијарди евра годишно.

Уште 780 милиони евра се препишуваат во поклони кои децата ги добиваат за роденден, Божиќ и Велигден. На штедните книшки кај децата на возраст од 6 до 13 година се наоѓаат уште околу 2,3 милијарди евра.

Во просек, децата добиваат џепарлак од 27 евра месечно, за роденден 64 евра, Божиќ 80 и за Велигден околу 25 евра. Само еден процент од децата за роденден и празници не добиваат никаква парична награда. Во Германија има околу 6 милиони деца на возраст од 6 до 13 години.

germanykids2

Истражувањето покажа дека и четири петини од германските деца редовно читаат книги, најмалку еднаш неделно. Покрај книгите, најмногу се читани и детските списанија, и стриповите. Слично како и генерацијата на нивните родители, и денешните деца сакаат да ги читаат Мики Маус и Пајо Паторот, кој редовно се печатат во одделни томови.

Секое второ германско дете на возраст од 6 до 13 години има свој мобилен телефон, а 13 проценти од децата имаат скап смартфон. Две третини од младите деца од училишна возраст (во Германија на училиште се тргнува на 6 годишна возраст) поседуваат сопствен компјутер или таблет или имаат слободен пристап до комјутерите на нивните родители. Секое второ дете во оваа земја користи интернет секојдневно или најмалку четири пати неделно.

Децата во Германија се максимално заштитени со закон, родителите со своите деца треба да градат прихолоши и рамноправен однос, немаат право физички да го казнуваат своето дете и задолжително се обврзани да се грижат за неговото здравје со големо внимание. Децата во Германија јадат исклучително квалитетна храна, здраво доручкуваат, ручаат и вечераат.

Germany Childcare

Повеќето од децата комјутерот или таблетот го користат за пишување на електронски пораки, слушање музика и разговори. Околу една третина од децата играат игри кои бесплатно се достапни на интернет, но четири проценти од овие деца играат игри кои се плаќаат.

Но, не може да се каже дека децата не играат класични игри или дека не користат старомодни играчки. Истражувањето покажува дека во изминатите години значително се зголемило купувањето на сите видови на игри, пред се друштвени, кои редовно ги игра една половина од децата.

Популарни се и различните игри со карти за деца, но и лего коцките, плејмобил фигурите и сите видови на сложувалки, фудбалчиња и сл.

germanykids3

Родителите на овие деца строго ја контролираат употребата на комјутерот и интернетот од страна на детето.

80 проценти од овие деца имаат слобода сами да одлучат на што ќе го потрошат својот џепарлак. Германските деца имаат целосна слобода кога станува збор за купување на облека, патики, книги па се до школки ранец и сл. Тие сами одбираат што сакаат да поседуваат. Истражувањето покажува дека германските деца се максимално заштитени и имаат право да учествуваат и во одлуките за купување на потребни предмети, средства и храна за во домот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП