19 април, 2024
ПочетнаКОРОНААмериканска студија: Само 0,01 процент од вакцинираните заболеле од Ковид-19

Американска студија: Само 0,01 процент од вакцинираните заболеле од Ковид-19

Приближно 0,01 процент од луѓето вакцинирани со двете дози на вакцината добиле Ковид-19, ова според најновата американска студија покажува дека вакцината е многу ефикасна.

Во извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести на САД се документирани таканаречените случаи на „пробив“ на вирусот меѓу 101 милиони вакцинирани лица со двете дози во САД.

Во истражувањето е опфатен периодот од 1 јануари до 30 април.

Забележано е дека кај 10.262 лица кои биле вакцинирани со две дози по две недели се појавиле симптоми на Ковид-19.

Просечната возраст на овие пациенти била 58 години, а мнозинството, дури 63 проценти од случаите, биле жени.

Од вкупниот број на заразени, 706 случаи или седум проценти од пациентите биле хоспитализирани, а 132 или еден процент починале поради причини поврзани со коронавирусот. Останатите биле со лесни или асимптоматски случаи откриени преку рутинско тестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП