30 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ на 2-ри јуни ќе го претстави „HarmonyOS“, но и нови уреди

„Huawei“ на 2-ри јуни ќе го претстави „HarmonyOS“, но и нови уреди

Кинеската компанија „Huawei“ денес објави ново „тизер“ видео, најавувајќи го претстојното издание на платформата „HarmonyOS“ и другите производи, што ќе се одржи на 2-ри јуни

Засега е непознато дали настанот ќе биде наменет само за кинескиот пазар или ќе биде глобален, но се очекува да ги обележи напорите на компанијата да стане понезависна од „Android“, откако американските санкции го спречија „Google“ да понуди поддршка за мобилните уреди на „Huawei“.

„Huawei“ исто така не прецизираше дали планира да објави нов телефон за време на овој настан, освен што спомена дека ќе претстави нови производи заедно со „HarmonyOS“.

„Huawei“ го позиционира новиот оперативен систем како клучен чекор во борбата против санкциите од страна на САД, што негативно влијаеше на бизнисот на компанијата ширум светот. Покрај забраната за употреба на услугите на „Google“, „Huawei“ е ограничен и на пристап до клучните технологии на американските компании, кои се неопходни за производство на „Huawei Kirin“ процесорите.

Решението на компанијата е да се фокусира на сопствениот екосистем на софтвер, а префрлувањето кон софтвер и услуги ќе и овозможи на компанијата поголема независност и автономија, бидејќи тоа ќе биде надвор од контролата на Соединетите држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП