20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАВо САД вакцинирани 50 отсто од возрасните

Во САД вакцинирани 50 отсто од возрасните

Во САД се вакцинирани 50 проценти од сите возрасни лица, објави Белата куќа.

Повеќе од 60 проценти од возрасните или близу 160 милиони луѓе примиле барем една доза од една од трите одобрени вакцини во земјата.

„50 проценти од сите возрасни Американци се целосно вакцинирани“, објави Белата куќа.

Ова значи дека овие лица примиле две дози од вакцините на „Модерна“ и „Фајзер“ или една доза од вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Претседателот Џо Бајден постави цел до 4 јули да бидат вакцинирани 70 проценти од возрасните во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП