19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот долг достигна 366% од БДП-то во 2020-та

Глобалниот долг достигна 366% од БДП-то во 2020-та

Во пандемиската 2020-та година, глобалните обврски – кон владите, бизнисите, домаќинствата и финансиските институции – се зголемија за рекордни 24 трилиони долари, покажуваат податоците на „Moody`s Analytics“, цитирани од „CNBC“. Така, долговите веќе сочинуваат 366% од бруто домашниот производ, велат аналитичарите.

Растечкиот долг на пазарите во развој може да го забави закрепнувањето од коронавирусот, рече аналитичарот Стив Кохран. Во 2020-та година најголемо зголемување има кај јавниот долг, што не е изненадување во однос на позадината на доделените фискални мерки, рече тој.

Во економиите во развој, јавниот долг е двојно зголемен во последните десет години и сега претставува околу една третина од глобалниот долг, според „Moody`s“. Според аналитичарите, ова дополнително ќе го зголеми јазот меѓу развиените и земјите во развој. Товарот на зголемувањето на долгот е поголем во земјите во развој, објаснува Кохран.

Во многу земји во развој, вклучувајќи ги Индија, Аргентина и Малезија, во моментов има нов пик во случаите со коронавирус, а во многу развиени земји, вклучувајќи ги САД, Австралија и Велика Британија, вирусот се повлекува. Според Кохран, причината за ова е побавната стапка на вакцинација во земјите во развој.

Во исто време, земјите во развој најверојатно ќе треба да ги намалат стимулациите за да го задржат својот долг под контрола.

Комбинирањето на овие два фактори – намалувањето на стимулациите и растот на позитивните на Ковид-19, ќе го забави економскиот раст и земјите ќе заостанат уште позади развиените економии.

„Кога економијата расте брзо, долгот не е таков проблем“, рече Стив Кохран.

Според економистот, растот во 2021-ва година ќе биде нерамномерен, а САД и Европа ќе го забрзаат закрепнувањето на лето. Пазарите во развој „можеби ќе треба да почекаат некое време“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП