1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманска инвазија на Кина

Германска инвазија на Кина

germanski koli

Германските производители на автомобили „BMW“, „Mercedes“ и „Audi“ во јули во Кина постигнаа силен раст на продажбата на своите возила од 27 до 39 проценти.

Најголемиот светски производител на луксузни автомобили „BMW“ ја зголеми својата продажба во кина за 39 проценти или вкупно 32.200 продадени возила и тоа откако компанија ја претстави продолжената верзија на „BMW X3“.

Продажбата на „Mercedes“ во Кина во минатиот месец беше зголемена за 31 проценти или 18.500 автомобили, а пак на „Audi“ за 27 проценти или вкупно 41.800 возила.

Од „BMW“ прогнозираат дека продажбата во Кина веќе оваа година би можела да биде поголема отколку во САД, пред се благодарејќи на големата побарувачка на седаните од третата и петата генерација.

„Audi“ истовремено очекува дека оваа година ќе ја сочува својата лидерска позиција на кинескиот пазар на лускузни автомобили. Продажбата на оваа компанија во првите шест месеци достигна 270.000 возила, а целта на производителот од Инголштад е 450.000 примероци. Во наредните три-четири години „Audi“ има во план да ја зголеми продажбата на 700.000 возила и со цел да отворат нови производни капацитети во Кина.

Растот на продажбата на „Mercedes“ го обезбеди мартовската реорганизација на дистрибутивната мрежа на компанијата и пуштањето во продажба на новиот хечбек „A сlasѕ“ во април. Подоцна оваа година „Mercedes“ има во план во Кина да почне да го продава и новиот седан „S сlasѕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП