8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната: Лоши прогнози на аналитичарите

Еврозоната: Лоши прогнози на аналитичарите

ecb5

Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ја намалија прогнозата за економскиот раст на еврозоната за оваа и наредната година.

Според прогнозата на 51 аналитичар, економијата на еврозоната во оваа година ќе потоне за уште 0,6 проценти, а не за 0,4 проценти како што првично се предвидуваше, соопшти ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс Прес.

Наредната година се очекува раст на бруто домашниот производ (БДП) од 0,9 проценти наместо еден процент од претходната проценка, додека во 2015 година се очекува раст од 1,5 проценти наместо 1,6 проценти.

Аналитичарите како главна причина за намалувањето на прогнозите за оваа година го наведоа очекуваниот пад на домашната потрошувачка во еврозоната во првиот квартал.

„Покрај тоа, разочарувачките податоци од клучните економии во развој, како што се Кина и Бразил, укажуваат на пад на трговијата во брзо време. Намалувањето на прогнозите за 2014 и 2015 година, исто така, и се препишуваат на домашната намалена побарувачка“, наведува банката.

Прогнозата за инфлацијата за 17 земји кои како валута го користат еврото е намалена на 1,5; 1,4 односно 1,3 проценти за 2013, 2014 и 2015 година.

Се очекува дека невработеноста во монетарната унија оваа година ќе изнесува 12,3 проценти, а наредната 12,4 проценти, за во 2015 година да се намали на 11,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП