11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на германскиот извоз

Раст на германскиот извоз

germany2

Германскиот извоз во јуни се зголеми за 0,6 проценти во однос на претходниот месец.

Податоците, кои денес ги соопшти Федералното биро за статистика, се уште еден знак за зајакнувањето на германската економија, по помешаните сигнали во последните неколку месеци.

Меѓутоа, во однос на јуни минатата година, извозот е намален за 2,1 проценти и неговата вредност е проценета на 92,8 милиони евра.

Економијата на Германија е во подобра состојба во споредба со многу други земји од еврозоната.

Германија релативно добро се бори со економската и финансиската криза во Европа, благодарение на силниот извоз во земјите во развој, како и ниската стапка на невработеност во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП