4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтповикани 370.000 примероци на Tacoma

Отповикани 370.000 примероци на Tacoma

toyota-tacoma-1_0_0_468X10000

Јапонската автомобилска компанија Тојота најави дека од пазарот, пред се на територијата на САД, ќе повлече 370.000 примероци од „pick-up“ автомобилот од моделот „Tacoma“. Како причина за ваквиот потег од компанијата го истакнуваат проблемот со сигурносниот појас.

„Завртките кои се во склоп на безбедносниот појас би можеле постепено да се олабават поради честите ненадејни затворања на вратите“, се наведува во соопштението од Тојота.

Возила пред се ќе бидат повлечени во САД и тоа 342.000, додека од Канада ќе бидат отповикани 27.000 примероци, а пак од Германија 60 автомобили. Инаку станува збор за модели кои се произведени меѓу 2004-та и 2011-та година.

Известувањето ќе биде упатено до сите сопственици на овие возила кои би требало да ги доведат своите автомобили во официјалните сервиси поради проверка и евентуална поправка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП