14 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАмерикански ЦДЦ: Не ги бакнувајте и гушкајте вашите кокошки

Американски ЦДЦ: Не ги бакнувајте и гушкајте вашите кокошки

Соочени со зголемување на инфекцијата со салмонела во САД, санитарните власти издадоа препорака која насмеа многумина. Имено, тие побараа од граѓаните да не ги бакнуваат или галат нивните кокошки и други животни.

„Не бакнувајте ги и не милувајте ги вашите животни во дворот и не јадете или пиете во нивна близина“, предупредува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Според ЦДЦ, од средината на февруари има зголемување на инфекција со салмонела на 163 случаи, со 34 хоспитализации.

„Пациентите изјавија дека биле во контакт со животни кои најверојатно се извор на епидемијата“, додаде ЦДЦ.

Иако делуваат чисто, кокошките и патките можат да пренесат салмонела, бактерија што предизвикува дијареја, треска и повраќање.

Инфекцијата обично се јавува кога јадете заразени јајца или млечни производи. Десетици милиони луѓе се заразуваат со салмонела секоја година, но смртните случаи се ретки.

ЦДЦ препорача и темелно миење на рацете по контакт со животните и предупреди дека децата не треба да си играат со овие птици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП