26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„WIIW“: Западен Балкан може да има корист од враќањето на производството

„WIIW“: Западен Балкан може да има корист од враќањето на производството

Земјите од Западен Балкан би можеле да имаат корист од трендот на враќање на производството од Азија во Европа, според Виенскиот економски институт (WIIW).

Овој тренд може да биде од корист на земјите од регионот и да донесе директни инвестиции од неколку милијарди евра.

Сепак, за да се постигне тоа, смета „WIIW“, тие мора да инвестираат во образовниот систем и изградбата на транспортната инфраструктура.

„Заради протекционистичките тенденции во светската трговија, враќањето на производството од Азија во близина на старите индустриски земји беше иницирано во минатата деценија“, рече економистот од „WIIW“, Бранимир Јовановиќ.

Тој посочи дека враќањето на производството ќе се интензивира во Европа по пандемијата.

Студијата, чиј коавтор на Јовановиќ, е подготвена во соработка со стопанските комори во регионот и финансирана од германското Министерство за економска соработка и развој.

„Економиите на Западен Балкан би можеле јасно да профитираат од враќањето на производството, доколку го сторат својот дел од задачата“, рече Јовановиќ, додавајќи дека тоа јасно го покажа истражувањето на Германската стопанска комора.

Иако само мал дел од анкетираните компании спроведуваат промена во синџирот на снабдување и производство, ова може да донесе повеќе милијарди долари директни инвестиции во земјите од Западен Балкан, посочува „WIIW“.

Потсетуваме дека германските компании инвестираа 2,5 милијарди евра во Западен Балкан во периодот од 2010-та до 2019-та година и 1,7 милијарди евра ширум светот.

„Овие податоци покажуваат дека има уште многу простор за другите западноевропски инвеститори, како што се Холандија, Швајцарија и Австрија“, додаде Јовановиќ.

Студијата „WIIW“ препорачува земјите од Западен Балкан, покрај отстранувањето на „старите проблеми“, како што е политичката нестабилност, да го променат и инвестициското опкружување.

„Пониските трошоци за плата и ниските даноци повеќе не играат одлучувачка улога. Странските инвеститори првенствено бараат добро квалификувана работна сила и инфраструктура“, рече Јовановиќ.

Според него, ова бара поголеми расходи за образовниот систем, зголемен фокус на двојното образование и изградба на транспортна инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП