На „сивата листа“ која ја објави Европската Унија на која има 44 земји, меѓу кои и неколку од регионот се најде и Македонија.
Европската унија објави список на 17 земји за кои смета дека се даночни раеви, односно „црна листа“ на не-кооперативни јурисдикции во однос на даночна измама.
На црната листа се наоѓаат Американска Самоа, Бахреин, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалските Острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединетите Арапски Емирати.
Постои и „сива листа“ од 44 земји, кои се обврзаа да се усогласат со ЕУ во борбата против даночната измама, а во која спаѓаат Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хонг Конг, Швајцарија, Турција, Џерси, Бермуди, Кајмански Острови…
Луксембург не е на „црната листа“ кога меѓународната мрежа на новинари ја обвини дека продолжува да толерира лажни компании и даночни трикови.
Проценката на четири милиони документи во минатата година покажа дека многу измислени компании во Луксембург имале нетранспарентни сопственички структури и деловни практики, пишува „Дојче Веле“.