20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Грција на ново рекордно ниво

Стапката на невработеност во Грција на ново рекордно ниво

grcija8

Стапката на невработеност во Грција во мај се зголеми на 27,6 проценти, што е највисокото ниво во историјата, надминувајќи го досегашниот рекорд од 27 проценти, покажаа службените податоци.

Податоците за стапката на невработеност во мај се највисоки од моментот кога грчкиот Завод за статистика ЕЛСТАТ во 2006 година започна да ги објавува овие извештаи и двојно поголем во однос на просечната стапка на невработеност во еврозоната од 12,1 проценти.

Рекордната невработеност во Грција е последица од шестгодишната рецесија, како и од радикалните мерки за штедење кои ги воведе локалната влада со цел да ја запре акумулацијата на државни долгови.

Грција, сепак, од 2010 година преживува благодарение на финансиската помош на Меѓународниот монетарен фонд и партнерските земји од еврозоната.

За да продолжи да добива меѓународна помош, странските кредитори бараат од Атина спроведување на непопуларни реформи, кои помеѓу останатото вклучуваат и големи даноци, како и намалување на вработеноста во државниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП