17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel бележи раст во продажбата

Henkel бележи раст во продажбата

Henkel in Ankara.JPG

Компанијата „Henkel“ објави дека забележала раст во вториот квартал на продажбата од 1.9 проценти или до 4.2 милијарди евра.

Оперативниот профит е зголемен за 8.2 процент или 660 милиони евра, а поправената „EBIT“ маржа е зголемена за 0.9 проценти, изјави директорот на „Henkel“, Капер Рорстед.

Финансискиот резултат на компанијата „Henkel“ се подобри за 18 милиони евра на 27 милиони евра, а тоа главно се должи на подобрата нето финансиска позиција и подобрите резлутати за заштита на курсниот ризик.

Забележаниот приход од продажбата изнесува 14.2 проценти во однос на 13.9 проценти колку што изнесуваше во истиот период од минатата година. Органската продажба порасна за четири проценти.

Рорстед посочи дека сите три бизнис сектори допринеле за солиден учинок, детергентите и домаќинската хемија забележале силен раст на органската продажба од 5.8 проценти, козметиката од 2.8 проценти,а лепилата раст од 3.6 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Претседателот на компанијата „Henkel“ за централна и источна Европа, Гунтер Тумсер изјави дека бизнис климата е задоволителна, но дека пазарниот развој и натаму е тежок, но раста неможеше да го достигне минатогодишното ниво.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП