ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Џиновски глечер со должина од 175 километри се одвои од Антарктик

Гигантски глечер, поголем од островот Мајорка, се отцепи од Антарктикот и сега плови во морето Ведел. Сега е најголемиот глечер во светот кој плови на море, објави Европската вселенска агенција (ЕСА).

Најголемиот глечер во светот, кој научниците го нарекуваат А-76, неодамна беше снимен од сателитот Коперникус Сентинел-1 на ЕСА.

Неговата површина е 4.320 квадратни километри – долга е 175 километри и широка 25 километри.

За споредба, областа на најголемиот шпански остров Мајорка е 3.640 квадратни километри.