6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАко исчезнат пчелите, ќе исчезнеме и ние!

Ако исчезнат пчелите, ќе исчезнеме и ние!

Пчелите се исклучително важни во екосистемот, тие се опрашувачи кои посетуваат 1.000 цвеќиња на ден, големи работници, а ако исчезнат, ќе исчезнат и плодовите и животот каков што ги познаваме денес.

Светскиот ден на пчелата се одбележува на 20 мај. Пчелите се исклучително интелигентни и вредни суштества и се единствените инсекти кои произведуваат и храна за луѓето. Без нивното вредно зуење и собирање  нектари, целиот синџир на исхрана би бил загрозен, а на крај и човекот.

Големите климатски промени предизвикаа пад на бројот на пчели низ целиот свет, предупредија научниците пред неколку години.

Истражувањата покажаа дека веројатноста да се најдат пчели каде било во Европа и Северна Америка е намалена за една третина од 1970-тите.

Зголемувањето на температурите сè повеќе ќе предизвика пад на нивниот број, што е поголем отколку што се сметаше порано, велат научниците.

Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако пчелите исчезнат од планетата Земја, човекот како вид има околу 4 години живот. Без пчели нема опрашување, нема да има овошје, храна, дури ни луѓе.“

Пчелата посетува над илјада цвеќиња на ден додека собира нектар и полен, а во тој процес опрашува цвеќиња што можат да се претворат во овошни плодови кои ги јадат и луѓето (јаболко, круша и сл.)

Пчелите умираат поради екстремно високи надворешни температури, иако користат многу интересни начини да се разладат во жешките денови, како што се барање засолниште во засенчени делови од нивното живеалиште, внесување вода во нивните гнезда, па дури и намалување или прекинување на летачката активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП