3 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАОфицијално потврдено: ЕУ ги укинува ограничувањата за патување за вакцинирани лица

Официјално потврдено: ЕУ ги укинува ограничувањата за патување за вакцинирани лица

Советот на Европската унија денеска усвои препорака за укинување на ограничувањата за патување во ЕУ, за лица кои се ревакцинирани против коронавирус. Сепак, примената на оваа регулатива зависи од одделните земји-членки.

Советот на ЕУ усвои препорака за ублажување на ограничувањата во патувањето, односно поддржува укинување на одредени ограничувања за вакцинираните лица и за олеснување на критериумите за влез во списокот на трети земји на чии граѓани им е дозволено патување во ЕУ, врз основа на епидемиолошката состојба во тие земји.

Препораката се однесува и на прифаќање на дигитални сертификати од трети земји. Во Брисел велат дека препораката ќе стапи на сила утре, откако ќе биде објавена во јавен весник и дека нејзината имплементација ќе зависи од подготвеноста на одделните земји-членки.

„Земјите-членки треба да ги повлечат ограничувањата за несуштински патувања за државјани на трети земји кои ја примиле последната препорачана доза на вакцина одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), најмалку 14 дена пред пристигнувањето. Земјите-членки исто така можат да ги укинат ограничувањата и за патниците кои најмалку 14 дена пред пристигнувањето, ги добиле препорачаните дози од вакцина одобренa од Светската здравствена организација (СЗО) за итна употреба“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Со цел да се отстранат ограничувањата за несуштински патувања од одредена трета земја како целина, според новите правила, прифатливот број на случаи на Ковид-19 на 100.000 жители е зголемен од 25 на 75 во последните 14 дена.

Напредокот во вакцинирањето на населението против вирусот исто така е препорачан како критериум за ставање на трета земја на „зелената листа“ за патување во ЕУ.

И натаму ќе се применуваат критериумите кои подразбираат стабилен или опаѓачки тренд на бројот на нови случаи, број на направени тестови, стапка на позитивност од 4% од сите направени тестови, целокупниот одговор поритв пандемијата во земјата и веродостојноста на достапните информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП