2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали крипто-балонот почнува да пука?

Дали крипто-балонот почнува да пука?

Најновиот излив на песимизам, кој во голема мера беше “кумуван” од страна на Илон Маск, испровоцира драматичен пад на биткоинот, но кратката распродажба само привремено ја намали цената на биткоинот, отворајќи бројни сомнежи кои го отежнуваат утврдувањето на судбината на крипто-валутите.

Биткоинот се распадна. Или не? Се работи за вообичаена корекција, лесно ќе кажат фановите, обидувајќи се да го потиснат чувството на непријатност кое буди поглед на графиконот на вчерашните збиднувања, кое воопшто не е лесно да се објасни. На крајот на краиштата, феноменот на криптовалутите не е лесен да се разбере.

Проблемот е во тоа што ниту еден нема конкретен модел за да ги објасни многуте подеми и падови, а неодредените проценки, лишени од временски димензии, не се од никаква корист.

За љубителите на криптовалути, неодамнешните случувања се всушност само реакција на поплава од лоши вести што ја разнишаа довербата на инвеститорите, но не сменија ништо суштински. За оние кои имаат спротивно мислење, вчерашниот хаос е почеток (или продолжение) на колапсот на пирамидата, кој цицаше огромна сума на капитал и “успат” на некои ги пополнуваше џебовите.

Вистината е веројатно некаде на спектарот, ограничена од овие екстреми, но повторно – никој ни приближно нема појма каде би можел да биде биткоинот утре, за три дена или пет месеци. На крајот на краиштата, ова не е прв, а веројатно и последен екцес: историјата на криптовалутите е испреплетена со драматични осцилации кои се ретки во светот на конвенционалните финансиски инструменти..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП