КОМПАНИИ

Растот на Nestle помал од очекуваниот

nestle2

Швајцарската компанија „Nestle“ објави дека во првата половина од оваа година остварила органски раст од 4,1 проценти.

Растот е под очекувањата на аналитичарите, како и резултатите кои ги забележаа конкурентските компании, францускиот „Danone“ и британско-холандскиот „Unilever“.

Во соопштението кое го пренесува Ројтерс, „Nestle“ како објаснување за растот кој е помал од очекуваниот наведува дека причина за тоа е ерозијата на цени во Европа. Компанијата воедно ја намали и прогнозата за цела 2013 година од првичните 6 проценти, на 5 проценти.

Нето профитот на сопственикот на популарните брендови како што се чоколадите „KitKat“ или супите „Maggi“, во истиот период изнесуваше 5,1 милијарди франци (4,1 милијарди евра), што е во согласност со предвидувањата на аналитичарите.

Истиот извор наведува дека компаниите „Danone“ и „Unilever“ веќе објавиле дека во првата половина од оваа година оствариле органски раст од шест проценти, односно пет проценти.