25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на недвижнините во Велика Британија со најсилен раст од 2007-ма

Цените на недвижнините во Велика Британија со најсилен раст од 2007-ма

Цените на имотите во Велика Британија го доживуваат својот најсилен годишен раст од глобалната финансиска криза, поддржани од даночните олеснувања и подобрувањето на економската состојба на островот, пишува „Bloomberg“.

Вредноста на недвижностите се зголеми за 10,2% на годишна основа во март, што е најсилно зголемување од август 2007-ма година, според статистичките податоци на Велика Британија. Само во март, на месечно ниво, зголемувањето е 1,8%. Ова е досега најсилниот месечен раст од април 2014-та година.

Просечната цена на имот на островот е 256.405 фунти, што е околу 298.000 евра.

Зголемувањето се случува во време на даночни олеснувања за купување на имот, усвоени од британскиот министер за финансии Риши Сунак. Благодарение на нив, купувачите во просек заштедуваат 15.000 фунти по трансакција.

Олеснувањето на анти-епидемиските мерки, исто така, придонесува за мобилизација на пазарот на недвижнини.

Во март, порастот беше најсилен во североисточните делови на земјата, во Јоркшир и Хамбер. Ова е уште еден доказ дека многу Британци, принудени да работат од дома поголемиот дел од времето, бараат можност да ги напуштат големите градски центри.

Во Лондон и Југоисточна Англија, цените на недвижностите се зголемија за само 1% во март, што е скоро двојно повеќе од просекот во земјата. Во Лондон, на годишно ниво, зголемувањето на цената беше 3,7% – најниско во споредба со сите други региони.

Сепак, просечната цена на еден имот во Лондон (над 500.000 фунти, или 580 000 евра) сепак е скоро двојно повисока отколку во целата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП