7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската економија и бројот на вработени паднаа во првиот квартал

Европската економија и бројот на вработени паднаа во првиот квартал

Европската економија падна во првиот квартал, потврди „Еуростат“ во вторникот, а последиците од новиот бран на пандемија на коронавирусот, исто така, се рефлектираше во падот на бројот на вработени.

Сезонски прилагодениот БДП на ЕУ падна за 1,7 проценти во првиот квартал од истиот период во минатата година, непосредно пред ширењето на инфекцијата со Ковид-19, потврдувајќи ја проценката на Европскиот завод за статистика на крајот на април.

Во последните три месеци од 2020-та година, активностите се намалија за 4,6 проценти на годишно ниво.

Во еврозоната, активностите паднаа за 1,8 проценти во првите три месеци од оваа година, по падот од 4,9 проценти на крајот на 2020-та година, што е исто така во согласност со првата проценка на Евростат.

На квартална основа, сезонски прилагодениот БДП на ЕУ падна за 0,4 проценти во првиот квартал, откако падна за 0,5 проценти во последните три месеци од 2020-та година.

Во еврозоната, активноста падна за 0,6 проценти во периодот од јануари до март во споредба со последниот квартал од минатата година кога падна за 0,7 проценти.

Така, ЕУ и еврозоната западнаа во рецесија, според економистите кои го дефинираат тоа како два последователни квартали на опаѓачка активност на квартална основа.

Во третиот квартал од 2020-та година, активностите закрепнаа од пандемискиот шок и скокнаа на квартална основа на 11,7 проценти во ЕУ и 12,5 проценти во еврозоната.

Намалено вработување

Падот на активноста се одрази и на намалениот број на вработени во ЕУ и еврозоната во првиот квартал, за 0,3 проценти во споредба со последните три месеци од минатата година. Бројот на вработени се намали за прв пат од вториот квартал на 2020-та година.

Во последните три месеци од 2020-та година, вработеноста во двете области се зголеми за 0,4 проценти.

На годишно ниво, бројот на вработени во ЕУ се намали за 1,8 проценти, по падот од 1,6 проценти на крајот на 2020-та година.

Еврозоната падна за 2,1 отсто, откако падна за 1,9 отсто во претходниот квартал, според извештајот на Евростат.

Трендот на опаѓање на бројот на вработени продолжи и на почетокот на годината, четврти квартал по ред.

Обновата на Франција

Според достапните податоци на Евростат, само три земји на ЕУ забележаа годишно зголемување на активноста, сигнализирајќи приближување на економијата кон нивото на предпандемијата, се вели во извештајот на Европскиот завод за статистика.

Најголем раст е забележан во Франција, со 1,5 процент, следен од Литванија со еден процент и Словачка со 0,5 проценти. Во Австрија, активностите стагнираат.

Најголем годишен пад на БДП е забележан во Португалија и Шпанија, со 5,4 и 4,3 проценти, соодветно.

Следува Германија со три процентен пад на активноста, се вели во извештајот на Евростат.

На квартална основа, најголем пад на активноста во првите три месеци од оваа година забележа Португалија, за 3,3 проценти. Следат Летонија со пад на активност од 2,6 проценти и Германија каде што падна за 1,7 проценти.

Највисок раст е забележан во Романија, за 2,8 проценти. Следат Бугарија со 2,5 проценти и Литванија со 1,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП