Сопственикот на компанијата Тесла, Илон Маск, веќе не е втор најбогат човек на светот, а тој престол го презеде Бернард Арно, шефот на модната компанија Луј Витон. Од понеделникот, Маск падна до третото место откако загуби 3,2 милијарди американски долари на берзата, бидејќи акциите на компанијата Тесла паднаа за 2,2 проценти.
Според Блумберг, богатството на Маск во моментов се проценува на 160,6 милијарди долари, што е за 24 проценти помалку од јануари оваа година.
Падот на неговото богатство предизвика пад на вредноста на криптовалутите, за кои Маск е прилично наклонет, меѓутоа, може да се каже дека тој самиот влијаеше на наведените загуби.
Имено, падот на вредноста на биткоинот следеше откако Маск остро го критикуваше биткоинот за зголемената употреба на фосилни горива за нивно рударење и трансакции, поради што тој ја откажа можноста за купување автомобили на Тесла со оваа криптовалута.
Меѓутоа, Маск не беше наклонет ни за догикоинот, кога во една смешна емисија „Saturday Night Live“, тој ја нарече оваа криптовалута празна приказна.
Блумберг исто така објави дека богатството на Маск падна за околу 9,1 милијарди долари оваа година, што се смета за најголема загуба меѓу американските милијардери.
Од друга страна, вредноста на Арно, сопственикот на Луј Витон, кој сега е на местото на Маск, достигна 161,2 милијарди долари, а покрај тоа, продажбата на луксузни производи, што е во фокусот на компанијата, забележа раст во Кина и други Азиски земји.