27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири причини зошто ќе почнете да спиете со перница меѓу нозете

Четири причини зошто ќе почнете да спиете со перница меѓу нозете

Многу не го знаат ова, но експертите препорачуваат секоја личност да има од 6 до 10 перници на својот кревет. Но, просечната личност обично спие само со две или максимум три перници. Вообичаено е мислењето дека ни требаат само перници за да ја потпреме главата, па многумина не знаат дека спиењето со перница меѓу нозете може да им помогне на нивното тело на повеќе начини.

Bright Side издвои четири причини поради кои ќе размислите да спиете со перница меѓу нозете:

Ја подобрува циркулацијата на крвта во вашето тело

Ставањето перница меѓу нозете и нивното подигнување помага да се олесни протокот на крв во телото. Го отстранува притисокот од вените и ја олеснува циркулацијата на крвта, помагајќи им на вашите органи да функционираат правилно, па дури и го зајакнува вашиот имунолошки систем. Исто така може да помогне во ублажување на болката кај проширените вени.

Спречува грчење

Според експертите, спиењето на левата страна е најдобра позиција за вас ако страдате од ‘рчење. Но, бидејќи спиењето на едната страна може да изврши притисок врз грбот и колковите, се препорачува да ставите перница помеѓу нозете за да можете да се опуштите.

Помага во намалување на стресот во колената

Ако болките често ве будат навечер, можеби е време да започнете да спиете со перница меѓу нозете. Перницата ви помага да се опуштите и може да ја ублажи вашата болка. Ако спиете на грб, ставете перница под коленото или, ако спиете на страна, обидете се да ја ставите помеѓу колената.

Ви помага да одржувате правилна положба на спиење

Спиењето во погрешна положба му штети на нашето тело повеќе отколку што мислите и може да предизвика болка во грбот, колкот и зглобовите. Спиењето со перница помеѓу нозете го намалува притисокот врз долниот дел на грбот и ‘рбетот. Ако спиете на грб, држејќи мала перница под ‘рбетот исто така може да помогне во одржување на вашето тело во правилна положба. Ако обична перница не е доволна, достапни се специјално направени перници што можат да ви помогнат да спиете подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП