На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.
Забраната за движење на населението е од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти ќе работат до 23.30 часот.

