18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНајвисокиот облакодер во Кина се лулаше - луѓето бегаа во паника(ВИДЕО)

Највисокиот облакодер во Кина се лулаше – луѓето бегаа во паника(ВИДЕО)

Еден од највисоките кинески облакодери во јужниот град Шенжен беше евакуиран во вторникот откако почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно.

Облакодерот СЕГ Плаза висок скоро триста метри необјасниво започна да се ниша околу 13 часот по локално време, а евакуацијата на луѓето кои беа во него беше веднаш организирана, додека минувачите на околните улици гледаа воодушевено.

Зградата е затворена во 14 часот и 40 минути, објавија локалните медиуми.

Зградата е завршена во 2000 година во срцето на еден од кинеските градови со најбрз раст. Во кулата се наоѓа еден од главните пазари на електроника и разни канцеларии.

Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува зошто се нишаа облакодерите во областа Футијан во Шенжен, се наведува во соопштението на платформата Веибо, која е нешто како Твитер.

„По проверка и анализа на податоците на различните станици за набудување на земјотреси низ градот, беше заклучено дека денес немало земјотреси во Шенжен“, се вели во соопштението. „Причината за лулањето ја проверуваат различни одделенија.

Во моментов не е познато што ќе стори владата во случајот со опасната зграда од оваа големина, лоцирана во центарот на градот со 12 милиони жители.

Видеа на минувачи објавени од локалните медиуми на мрежата Веибо покажуваат како облакодер се ниша, додека стотици преплашени минувачи бегаат.

„СЕГ е целосно евакуиран“, напиша еден корисник на „Веибо“ во описот на видеото.

Кулата е именувана според производителот на полупроводници и електроника “Шенжен електроникс груп”, чии канцеларии се наоѓаат во таа зграда. Според Советот за високи згради, таа е 18-та највисока кула во Шенжен. Минатата година кинеските власти забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри. Уривањето на зградите не е невообичаено во Кина, каде градежните стандарди се слаби, а поради зачудувачката урбанизација, изградбата се одвива набрзина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП